Monday, April 6, 2015

Публикувани Антологиски збирки на англиски јазик

Публикации - Антологиски збирки на англиски јазик     

Magnificent Mum, My first Rhyme, The Power of Poetry 

     Во учебната 2013 година од печат излезе четвртата антологиска збирка на селектирани песни на млади поети од цел свет на англиски јазик меѓу кои  песните на наши ученици од ООУ Владо Тасевски , наградени со Признание за Креативни творби. Книгите се насловени како Моќта на поезијата , Мојата Прекрасна Мајка , Детективска поезија и Мојата Прва Песничка. Во пишувањето песни учество земаа талентирани ученици од различна возраст од одделенска и предметна настава со насоки  и придружба на наставничката по англиски јазик - ментор Виолета Панев во корелација со одделенските наставнички на која пишувањето поезија во своето слободно време и претставува задоволство и хоби исто така.

     Примарната цел е да се поттикнат децата во творештвото и креативноста на пишувањето, вели таа, и да се потхранува  талентираниот дух на децата со различни интереси и афинитети  на позитивен начин. Децата поседуваат доволно енергија која треба постојано да се насочува. Темелните педагошки компетенции на наставникот би требало да му овозможат примена на активности од воспитен и поучен  аспект за правилен развој на личноста на детето во рамките на самите наставните часови. Овој дел е запоставен во денешно време во многу образовните системи на сметка на когнитивниот развој и зголемувањето на обемот на знаењето и програмските цели. 
2б/9 - ООУ Владо Тасевски
Интегрирање на педагошки теми преку литературата на англискиот јазик во вештините читање и пишување како и успешната корелација со други теми од други предметни подрачја им дава можност на децата да ги изразуваат  своите мисли и чувства на еден поинаков префинет и уметнички начин и претставува дополнителна мотивација  за учење на јазикот. Педагошко обучените наставници ја поседуваат автономијата на наставник да ја користат литературата на англискиот јазик како и креативното пишување за творење
 (песни и состави ,есеи на англиски јазик) заедно со своите ученици од најмалата                                                                                                 возраст до највисоката категорија ученици.
4а и 4б/9
    За мене творештвото и креативноста е иднината на светот и форма на вечно опстојување и постоење на хуманите вредности . Oпределбата кон “творечката школа “ ја претставува    воспитната организација во која и наставниците и оние кои учат покрај кон пренесување и усвојување на знаењето ќе бидат насочени кон умеење како истото да се примени  во разни решенија во животот и врз основа на тоа искуство да се креираат и да се симулираат истражувања и иновации, а наставниците повеќе од сите други имаат привилегија да го доверат значењето и смислата на животот на  оние кои учат.

     Како краток заклучок ќе го цитирам   Stephen Leacock кој вели : “ It may be those who do most, dream most”.

Панев Виолета
линкови :

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=8271311137&id=25&setIzdanie=22965

https://picasaweb.google.com/100929345631229135197/tpOHJC?feat=embedwebsite#5912686000856719122

http://www.karpos.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2618:2013-08-16-12-02-56&catid=3:vesti

http://www.karpos.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2605:-n&catid=3:vesti









No comments:

Post a Comment