Saturday, April 11, 2015

МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР - ЕСЕЈ 2015 - "Одржливо Образование" и "ХИПО 2015"

Покани од Оксфорд и Лидо до ООУ Владо Тасевски-
Наградено училиште во два меѓународни натпревари

     Официјални покани до ООУ Владо Тасевски од Оксфорд, Англија  и Лидо, Италија по повод постигнатите резултати на два меѓународни натпревари: Хипо 2015 (меѓународен натпревар по англиски јазик)  и Одржливо Живеење 2015 (меѓународен натпревар по пишување на англиски јазик )

     “ Фондот за Одржливо Живеење” , со седиште во Велика Британија, официјално објави дека Момировска Елена   ученик од 6бодд. од  ООУ Владо Тасевски , под менторство на кординаторот  Teacher Champion   Виолета Панев се стекнаа со Наградно Признание   од страна на “Фондот за Oдржливо Живеење “  за успешно учество во “Mеѓународниот  натпревар во пишување Есеј “ во вората категорија на ученици од 12 години . “Меѓународниот  Натпревар  -  Есеј 2015” и “Дебатата  на  Фондот за Одржливо Живеење “ има многу силна меѓународна перспектива која им дава можност на учениците  да црпат  инспирација и да споделуваат знаење за подобрување на соработката и реализација на децениската  агенда на Обединетите Нации за одржлив развој.    
Елена со Teacher Виолета - ООУ Владо Тасевски
     “Литературното творење  на тема  есеј “ Што значи одржливо образование ? “ ги опишува чекорите и мерките што земјите во светот  треба да ги  превземат  со цел да се постигнат целите во рамките на еден глобален одржлив развој. Организациите во областа на културата во рамките на ОН (Обединетите Нации) оваа декада продуцираа Шема на меѓународна имплементација за одржлив развој.” – вели директорот на Фондот за одржливо живеење.
    Елена  и  менторот ELTeacher  Виолета Панев се поканети во Оксфорд, Англија  да ги добијат своите наградни сертификати (Honourable Mentions Certificates) на “Меѓународната  Училишна  Дебата” на церемонијата на доделувањето на признанијата и да дадат свој придонес во остварувањето на глобалните цели за одржлив развој.

Моника со Teacher Марија - ООУ Владо Тасевски
     Меѓународниот натпревар по англиски јазик – HIPPO 2015,  организиран од LCCI - Global Input и Global Hippo Association, а подржан од EDI Pearson и SWAN Institute има за  цел промовирање на значењето на познавање на  англискиот јазик како и соединување на децата од разни земји во едно мултикултурно семејство.
Оваа година се одржува третиот меѓународен натпревар по англиски јазик со учество на 10.871ученици од Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Италија, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија во 5 категории (Hippo 1 – Hippo 5).    
  Прелиминарниот круг се одржа на 14март и ученичката  Моника Алимова од VII в одделение, под менторство на наставникот по англиски јазик Марија Туџарова, освои максимален број на поени и се пласираше во финалето. Таа е единствен претставник финалист од Македонија во категоријата Хипо 2 и заедно со останатите 67 финалисти од сите категории ќе се натпреварува на 8 и 9 мај во Lido di Jesolo, Италија, придружувана од кординаторот Панев Виолета. Значително голем дел од учениците учесници постигнаа одлични резултати и имаат придобивка и можност да се стекнат со меѓународно признати дипломи по англиски јазик.


линк:

https://www.scribd.com/doc/262434677/%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%BF%D0%BE%D1%88-%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D0%95-%D0%91%D0%B8%D0%BB%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D0%B1%D1%80-173

http://www.karpos.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=3507:---2015-q-q--q-2015q&catid=3:vesti

Karpos nedelen e dnevnik bilten br 173
https://www.scribd.com/doc/262434677/%D0%9A%D0%B0%D1%80%D0%BF%D0%BE%D1%88-%D0%9D%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D0%95-%D0%91%D0%B8%D0%BB%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D0%B1%D1%80-173

http://vladotasevski.mk/%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B4%D0%BE-%D0%BE%D0%BE%D1%83-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE-%D1%82/

No comments:

Post a Comment