Tuesday, December 8, 2015



СТИХОЗБИРКА НА МЛАДИ ПОЕТИ ОД ООУ ХРИСТИЈАН Т.КАРПОШ
НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК
НАГРАДЕНИ СО СЕРТИФИКАТ ЗА ЗАСЛУГА (CERTIFICATES OF MERIT)


        Во рамките на додатната настава во ООУ Христијан Тодоровски Карпош беше реализиран проект на пишување поезија чиј продукт е публикување на стихозбирка на англиски јазик.. Координаторот на проектот, менторот по англиски јазик мр - Виолета Панев објаснува дека целите на првата фаза на проектот беа реализирани на настанот на Европската недела на кодирање преку препознавање на семантиката на лексичките единици на работилниците по англиски јазик. При вежбите во римување беа применувани разни техники во пишувањето со цел децата полесно да ја усовршат техниката на вештината пишување.




     Песничките во првата фаза беа пропратени со автентични ликовни творби на самите ученици преку кои ги искажаа своите чувства и доживувања на случки и настани од секојдневието. Работилниците се преставени на едукативното видео на сајтот на МОН во делот за настава по англиски јазик за  3 одд .
 Во втората фаза тие креираа песнички на англиски јазик кои беа селектирани од реномирана издавачка куќа од Англија и публикувани во стихозбирка под наслов Емотивна Поезија. Оригиналната јазична творба на англиски јазик им донесе на учениците од 3б одд Certificate of Merit, како активни учесници на Меѓународниот Натпревар за млади ученици во областа на пишување поезија на англиски јазик. 




Повеќе инфо на линковите:

https://issuu.com/panevvioleta/docs/poems_1-12.pptx
http://eduvideos.mon.gov.mk/?video=eu-code-week-elt-panev-violeta
http://karpos.gov.mk/vest/3628