Friday, October 23, 2015

ПУБЛИКУВАЊЕ НА НАУЧЕН ТРУД ВО КНИГА


РЕЦЕНЗИЈА


ЗА РАКОПИСОТ „ПЕДАГОШКИТЕ КОМПЕТЕНЦИИ НА НАСТАВНИЦИТЕ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО ИНИЦИЈАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ“ ПОДНЕСЕН ОД
М-р ВИОЛЕТА ПАНЕВ


Ракописот на тема: „Педагошките компетенции на наставниците по англиски јазик во иницијалното образование претставува сериозен научен труд кој актуелизира бројни прашања од теоретски и практичен карактер поврзани со образованието на наставници по англиски јазк од аспект на зајакнување нивните педагошките компетенции.
Основниот акцент во ракописот е ставен на откривање на потребата од  вклучување на повеќе педагошки предмети во студиските програми за образование на наставници по англиски јазик. Традиционалниот концепт на наставничкиот профил постојано се проширува и менува како во содржината така и во методологијата и облиците на учење поради постојаната промена  на дадените општествени услови и напредокот на науката и техниката. Факт е дека  адекватно оспособениот наставен кадар треба да соодветствува со потребите  на наставата за да се добијат саканите резултати. Наставничките компетенции се втемелуваат уште во иницијалното образование кое има две компоненти, стручно-научна која ги претставува компетенциите и знаењата на наставникот на предметот што го предава и педагошкиот дел. Отсуството на изграден единствен модел на образование кај нас како и концептот за професионален развој и напредување на наставниците доведе до нерамнотежа меѓу стручно-научната и професионално-педагошката комонента во иницијалното образование на наставниците. Истражувањето на оваа област е актуелно во однос на состојбата во која се наоѓа севкупниот воспитно-образовен систем во нашата земја и реформските промени кои се насочени кон подигнување на квалитетот на воспитанието и образованието.
Ракописот на авторката м-р Волета Панев е структуиран од неколку глобални делови со компјутерски обликуван текст со вовед, теоретски пристап кон проблемот на истражувањето, методологија на истражувaњето, анализа и интерпретација на резултатите од истражувањето, заклучоци и прилози во вид на користен инструментариум. Кон ракописот е приложена релевантна библиографија од книги, статии од домашни и странски автори,  документи,  интернет извори.
Во првиот дел на ракописот, авторката ги дефинира поимите и термините кои се опфатени со истражувањето. Даден е еквивалент на поимите на англиски јазик особено на термините кои се употребуваат при компарација на образовните програми на двете говорни подрачја (македонско и англиско). Потоа авторката м-р Виолета Панев се задржува на улогата на наставниците по англски јазик во современата настава, нивното образование, стандардите и компетенциите,  образованието на наставниците во Англија и Велс, терминолошко толкување на поимот компетенции во потесен и поширок општествен контекст, документи од Советот на Европа и Европската комисја за изедначување на стандардите на образовните системи во Европа и опфатени се и прашањата за сертификација на наставничките компетенции во САД. Елаборацијата на теоретскиот дел завршува со  прашањето што е тоа европски наставник, наставник на денешницата и утрешнината. Информациите што се даваат во ова поглавје се богато илустрирани со релевантни податоци кои се преземени од европска, американска и домашна литература. Во поставувањето на теоретските основи на проблемот на истражување преку грижливо одбраните и систематизирани наслови и образложување на најважните аспекти и резултати како што треба да биде во случајот на вака сложена и обемна тема, авторот м-р Виолета Панев успешно ги презентира сознанијата во една прецизна и конзистентна форма со истакнат паралелизам и проблемски пристап на искуства и перспективи во образованието на наставниците по англиски јазик.
          Вториот дел  од ракописот  ги опфаќа методолошките аспекти на истражувањето каде што авторката м-р Виолета Панев основната цел на  истражување ја насочува кон истражување на потребата од вклучување на повеќе педагошки предмети во студиските програми за образование на  наставници по англиски јазик. За операционализација на предметот и целта на истражување поставени се осум задачи. Генералната хипотеза врз основа на предходно утврдената цел и задачи гласи: Не постои доволна застапеност на педагошки предмети (дисциплини) во студиските програми за образование на наставници по англиски јазик во РМ. Покрај генералната хипотеза авторката поставува и осум  помошни хипотези.
Од постапките за прибирање на податоците во истражувањето користено е анкетирањето како истражувачка техника. Од инструментите за прибирање на податоци користени се анкетни листови за наставниците по англиски јазик  и прашалник наменет за професори од катедрите на факултетите кои подготвуваат и едуцираат наставници по англиски јазик. Водејќи сметка за репрезентативноста на примерокот, авторката во ова истражување опфаќа примерок од наставници  кои предаваат  англиски јазик во основно образование или вкупно 61 испитаник и примерок на професори односно 23 испитаници од катедрите на факултетите што подготвуваат наставници по англиски јазик. Истражувањето  е реализирно во 21 основно училиште.
Статистичката обработка на податоците направена е преку примена на соодветна програма согласно со карактерот на ова истражување. Обработката на податоците е извршена по следниов редослед: сигнирање, кодирање на податоците со кодекс на правила, групирање според заеднички обележја, пребројување односно определувaње фрекфенција и пресметување на процент и средна вредност. За полесно интерпретирање и толкување, резултатите од истражувањето се претставени со табели и графикони. Во овој дел се забележува доследна методологија со која авторката успева подлабоко да навлезе, да ги анализира добиените резултати, да ги компарира, диференцира и врз основа на тоа да донесе соодветни заклучоци.
Од анализата и интерпретацијата на добиените податоци авторката во ракописот изведува повеќе значајни констатации, кои ги земаат во предвид паралелната поставеност на хипотезите кои се подеднакво верифицирани преку испитувањето на  наставници кои предаваат англиски јазик во основните училишта и професори од катедрите на факултетите кои подготвуваат и образуваат  наставници по англиски јазик. Во овој дел се забележува доследна методологија со која кандидатката успева подлабоко да навлезе и да ги анализира добиените резултати, да ги компарира, диференцира и врз основа на тоа да донесе соодветни заклучоци. Во истражување се потврдува основната хипотеза според која не постои доволна застапеност на педагошки предмети (дисциплини) во студиските програми за образование на наставници по англиски јазик во РМ. Предлозите се движат во насока на зајакнувње на педагошките компетенции на наставниците по англиски јазик и тоа преку: промена во курикулумската поставеност на програмите на високообразовните институции, промени во изведувањето на практичната настава, определување на конкретни критериуми и стандарди за професијата наставник, поставување на критериуми за постигнување на  квалитет во  наставната работа, поттикнување и мотивирање на наставниците, објективно вреднување на работата на наставниците и слично.
Ракописот под наслов: Педагошките компетенции на наставниците по англиски јазик во иницијалното образование со својата теоретска елаборација, методолошкото обликување, стилот и пристапот покажуваат дека авторот комуницира со оваа проблематика и користи современа аргументација. Нивото на информираност, употребата на стручната терминологија, содржината на критичките коментари успешно се направени.
Ракопосот се темели на обемен теориски и емпириски материјал, на квалитативно и квантитативно истражување, кое е засновано врз солидно разработена методолошка основа. Целите и задачите на истражувањето и истражувачките прашања се јасно поставени и научно издржани, а методите, техниките и инструментите на истражување соодветствуваат на карактерот на предметот на истражувањето и на формулираните цели и задачи. Ракописот е концепциски добро поставен, сеопфатно разработен, се одликува со среден и прецизен приказ и обработка на податоците. Ракописот, нуди значен придонес на  планот на аналитичко-компаративните резултати на европски и домашни искуства по однос на стекнувањето на педагошки компетенции на наставниците по англиски јазик и надминувањето на недостатоците на тој план.
Од тие причини сметаме дека овој ракопис има значајна научна вредност и тежина не само поради сериозниот пристап на истражување туку и поради изборот на предметот на истражување преку кој доаѓаме до значајни сознанија кои можат во праксата да се имплементираат.
Со оглед на сето изложено и со јасно укажување на доследната методолошка елаборација и стандардите за стручно-научна обработка препорачувам ракописот да се прифати и публикува со што ќе стане достапен за пошироката  научно-педагошка јавност.



Скопје, 22.05.2015 година                                         
                                                                                         Рецензент
                                                                     Проф. д-р  Анета Баракоска, с.р.




- С О Д Р Ж И Н А -

ВОВЕД

ДЕЛ 1

I. ТЕОРЕТСКИ ПРИСТАП КОН ПРОБЛЕМОТ НА ИСТРАЖУВАЊЕ
1. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ И ОСНОВНИТЕ ПОИМИ
1.1. Поимни определби, дефинирање на поими
1.2. Релевантни истражувања

2. НАСТАВНИЦИТЕ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО СОВРЕМЕНАТА НАСТАВА
2.1. Наставник – општо теоретско поимно определување
2.2. Настава по англиски јазик во едно современо училиште
2.3. Подготовка на наставниците по англиски јазик (образовни студии,
квалификации и компетенции) за реализирање на современа настава во
основно училиште во Англија (UK) и Македонија
2.3.1. Квалификуван Статус на Наставник во Англија и Велс (UK ) ,
стандарди и компетенции (QTS – Qualifies Teacher Status)
2.3.2. Терминолошка определба – EFL, ESL, ESOL

3. КОМПЕТЕНЦИИ
3.1. Терминолошко толкување на поимот компетенции во потесен и поширок
општествен контeкст
3.2. Компетенции на наставниците во педагошката литература
3.3. Англискиот јазик во 21от век и компетенции на наставниците

4. УЛОГАТА НА НАСТАВНИКОТ ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ВО
ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС
4.1.Современа улога на наставникот по англиски јазик
4.2. Различни улоги на наставникот во училницата
4.2.1. Графички приказ на различни улоги на наставникот
4.3. Сеопфатна улога на наставникот

5. ДОКУМЕНТИ ОДОБРЕНИ ОД СОВЕТОТ ВО ЕВРОПА И
ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА СТАНДАРДИТЕ НА
ЕВРОПСКИТЕ СИСТЕМИ ВО ЕВРОПА
5.1 Училишта за 21 век – Работна програма на Eвропската Kомисија
5.2. Агенда на Европската Комисија за подобрување на компетенциите за 21 век
5.3. Европска Комисија за oбразование и култура - Заеднички европски
принципи за компетенциите и за квалификациите на наставникот
5.4. Европската рамка за клучните компетенции
5.5. Болоњскиот процес и Национална рамка на квалификации како одредница за
квалификациите и компететенциите на учениците, студентите и наставниците
5.6 EPOSTL и ELP (Европското Јазично Портфолио )
5.7. За споредба - Национален Борд за сертификација на наставничките компетенции
во САД

6. ЗАКЛУЧОК
6.1. Што е тоа eвропски наставник, наставник на денешницата и утрешнината

ДЕЛ 2

II. МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО
1. ПРЕДМЕТ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО
2. ЦЕЛ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО
3. ЗАДАЧИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО
4. ХИПОТЕЗИ
5. ВАРИЈАБЛИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО
6. МЕТОДИ, ТЕХНИКИ И ИНСТРУМЕНТИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО
7. ПРИМЕРОК НА ИСПИТАНИЦИ
8. ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ
ДЕЛ 3

АНАЛИЗА И ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО
1. АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНКЕТИРАЊЕТО НА НАСТАВНИЦИТЕ
ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА
2. АНАЛИЗА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНКЕТНИОТ ПРАШАЛНИК
ЗА ПРОФЕСОРИТЕ ОД ВИСОКО-ОБРАЗОВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
ДЕЛ 4

ЗАКЛУЧОЦИ, ИНТЕРПРЕТАЦИЈА, ПРЕДЛОЗИ И НАСОКИ
4.1. Споредба на инструментите во прилог на истражувањето
4.2. Заклучок и предлози
ЛИТЕРАТУРА
ПРИЛОЗИ

Меѓународен натпревар во Токио 2015 - Наградени две основни училишта од Карпош-Скопје, Македонија

Меѓународен Натпревар по креативно пишување на тема МИР по повод 70 год. од постоење на УНЕСКО

nagradi1
Меѓународен Натпревар по креативно пишување на тема МИР
по повод  70 год. од постоење на УНЕСКО
Наставник координатор и ментор – Панев Виолета
Наставник ментор – Марија Туџарова

Дата  на апликација  – до  јуни  2015
Локација – Токио, Јапонија
Организатор –  ГОИ,Токио , УНЕСКО, МО на Јапонија
По повод 70 години од постоењето на УНЕСКО , oрганизиран е од The Goi Peace Foundation и  UNESCO со подршка на Министерството за Образование , Култура и спорт, Наука во Јапонија и Јапонската Комисија на УНЕСКО
Цели – Овој меѓународен натпревар по есеј на англиски јазик се организира да се поттикне иницијатива,  енергија и имагинација кај младите луѓе во  креативното пишување и во промовирање  на култура на мир и одржлив развој во светот.
Тема: “ Peace in our mind and hearts ” – Мирот во нашите мисли и души. Од Владо Тасевски учествуваат 11 ученици, категорија деца до 14 год.-7 ученици од 7 одд – под менторство на наставник Марија Туџарова и 4 ученици од 6б одд-под менторство на наставникот Панев Виолета. Регистрирањето  траеше до  јуни 2015 и беа реаизирани повеќе  работилници во текот на учебната година.

Сертификати  и награди
На натпреварот земаа учество над 12.000 натпреварувачи од целиот свет , односно од околу 150 земји.  На темата "МИР во нашите срца и ум ООУ Владо Тасевски, општина Карпош -Скопје зеде учество со 11 ученици кординирани од наставниците ментори координатор - Виолета Панев и Марија Туџарова и училиштето се здоби со Награда (INCENTIVE AWARD)  и со поединечен Награден Сертификат за постигнување (Honorable Mention)  за ученичката Елена Стојкова под менторство на наставничката Марија Туџарова.Сите 11 ученици се здобија со наградни Сертификати за учество исто така. Во натпреварот покрај ООУ Владо Тасевски зеде учество и ООУ Лазо Трповски кое беше координирано од наставникот Стефан Симовски и колешките по јазик  стекнувајки се  со награден Сертификат на ниво на училиште. Повеќе инфо на сајтот на Унеско http://www.goipeace.or.jp/english/activities/programs/2015/index.html

Учесници од ООУ Владо Тасевски се:
NameAgeRegistration Number
1.Пренџов Димитар11G02010001
2.Мирчевски Олег11G02010002
3.Горгиевски Тео11G02010003
4.Тотиќ Виктор11G02010004
5.Стојковска Елена12G02010005
6.Гегоска Лина12G02010006
7.Илиеска Искра13G02010007
8.Тасевски Лука12G02010008
9.Алимова Моника12G02010009
10.Толевска Нина12G02010010
11.Вељанов Ристо13G02010011

линкови:
http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/288/132920702
Колибри Нова Македонија
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?

http://www.sitel.com.mk/vrachuvanje-na-nagradite-osvoeni-na-literaturniot-natprevar-za-mladi-vo-tokio

http://vladotasevski.mk/%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%BF%D0%BE%D1%88-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE/

vest=11915154382&id=25&prilog=1&setIzdanie=23610

http://www.goipeace.or.jp/english/activities/programs/2015/index.html
http://www.fakulteti.mk/news/15-10-31/skopskite_osnovni_uchilishta_lazo_trpovski_i_vlado_tasevski_nagradeni_na_megjunaroden_natprevar_vo_tokio_japonija.aspx

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=82326

http://cooltura.mk/obrazovanie/nagradi-za-uchilishtata-lazo-trpovski-i-vlado-tasevski-na-megjunaroden-natprevar-vo

http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/380/132872454
http://www.radiomof.mk/dve-skopski-uchilishta-nagradeni-na-megjunaroden-natprevar-vo-tokio/

http://vecer.mk/kultura/dve-skopski-uchilishta-nagradeni-na-literaturen-natprevar-vo-tokio

http://a1on.mk/wordpress/archives/545368

http://sitel.com.mk/skopskite-uchilishta-lazo-trpovski-i-vlado-tasevski-nagradeni-na-megjunaroden-natprevar-vo-tokio

http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/1038034/index.html