Tuesday, March 1, 2016

HONOURABLE MENTIONS CERTIFICATES за Елена Петрушевска и Диона Јосифовска и TEACHER CHAMPION CERTIFICATE за менторот Панев Виолета од ООУ Владо Тасевски за проектот за оддржливо живеење

Претставници од општина Карпош - Амбасадори на Македонија на Меѓународната дебата во Дубаи, УАЕ

    По повод меѓународниот натпревар по есеј на англиски јазик на тема “Дали градовите се оддржливо место за живеење”?, две ученички од ООУ Владо Тасевски, о. Карпош - Скопје заедно со својот ментор ќе ја претстават својата земја на настан од меѓународно и мултикултурно значење.



     “Фондот за Одржливо Живеење”, со седиште во Велика Британија, под покровителство на екс министерот на Шведска, официјално објави дека Елена Петрушевска и Диона Јосифовска ученички од 4в одд. од  ООУ Владо Тасевски, директор Елка Даскалова   под менторство на Teacher Champion  Виолета Панев, кординатор на проектот се стекнаа со Наградно Признание од страна на “Фондот за Oдржливо Живеење“ за успешно учество во “Mеѓународниот  натпревар во пишување Есеј 2016 “ во првата категорија на ученици до11 години. 
Соработката со одделенскиот наставник Тања Јанкуловска во рамките на интегрираната настава беше на високо ниво исто така која заедно со родителите даде голема морална подршка .
      Целите за кои се застапува оваа добротворна организација со седиште во Беркшир, Англија се биолошки, растителен и културен диверзитет како и климатска стабилност и регулирање на балансот во еко системите. Таа се залага за разбирање и зголемувањето на свеста за оддржливоста на живиот свет, конзервација на видовите и ботаничките градини, баланс на развојот на технологијата и човечките потреби, одржливост на сите алки на социјалното и општествено битисување и енергетските извори во економијата, мултикултурното образование и многујазичноста преку високо-квалитетно образование.   Овој центар кој располага со дождлива шума и уникатни растителни и животински видови, е досега посетен од  82.000 посетители и е организатор на овој конкурс во кој земаа учество околу 1150 ученици учесници и ментори наставници од 74 земји.


     
 “Дебатата  на  Фондот за Оддржливо Живеење“ која ќе се оддржи од 18 до 21 април во Дубаи годинава, има многу силна меѓународна перспектива која им дава можност на учениците  да црпат  инспирација и да споделуваат знаење за подобрување на соработката и реализација на агендата на Обединетите Нации за оддржлив развој. (Зацртани цели на Обединетите Нации, 2016-30 год.)

     “Литературното творење  на тема  есеј “Дали градовите се оддржливо место на живеење ?“ ги опишува чекорите и мерките што земјите во светот треба да ги  превземат со цел да се постигнат целите во рамките на еден глобален оддржлив развој. Организациите во областа на културата во рамките на ОН оваа декада продуцираа Шема на меѓународна имплементација за оддржлив развој.” – вели К.Хансен , директорот на Фондот за одржливо живеење кој активно работи во Меѓународниот Институт за оддржлив развој.

     Учесниците на конкурсот, Елена и Диона заедно со својата наставничка Виолета  се наградени со Honourable Mentions Certificates и Teacher Champion Certificate и се поканети на Церемонијата на доделувањето на признанијата во градот Дубаи, каде домаќин училиште годинава е јазичното училиште на англиски јазик Јумеира. Учесниците се веќе регистрирани и во рамката на програмата ќе имаат можност да присуствуваат на Меѓународната Училишна Дебата и да дадат свој придонес во остварувањето на глобалните цели за оддржлив развој преку учество во работилниците и дебатите со ученици ширум светот (преку 70 земји учеснички) и на работилниците од врвни експерти на темата одржливост на ресурсите како и на специјалната програмска едукативна посета во Дубаи и соларниот град Масдар.“Особено не радува фактот што доаѓаме од општината Карпош  која е предводник за енергетската ефикасност во Македонија и честопати црпиме искуство и знаење од многуте активности организирани во рамките на еко целите на нашето училиште и општината”, велат тие. “Се надеваме ќе научиме уште многу на оваа тема  на овој реномиран настан и ке ги споделиме нашите сознанија со своите другарчиња и колеги.”


линкови :

http://karpos.gov.mk/vest/3629http://www.radiomof.mk/chetvrtooddelenki-od-karposh-kje-uchestvuvaat-na-debata-za-odrzhlivo-zhiveenje-vo-dubai/



http://vecer.mk/skopska/dve-uchenichki-od-ou-vlado-tasevski-na-megjunarodna-debata-vo-dubai

http://puls24.mk/mk/lokalna-samouprava/karposani-ke-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-megunarodna-debata-vo-dubai

http://www.radiomof.mk/chetvrtooddelenki-od-karposh-kje-uchestvuvaat-na-debata-za-odrzhlivo-zhiveenje-vo-dubai/