Sunday, April 12, 2015

ДЕНОВИ НА ПЕДАГОГИЈА 2014

ДЕНОВИ НА ПЕДАГОГИЈА
Научна конференција на тема:  Реформите во воспитно-образовниот систем во Р.Македонија
Дата -15 мај 2014
Место - Филозофски Факултет – Скопје
Организира -  Институт за педагогија

Панев Виолета 
Педагошките компетенции на наставниците по англиски јазик
        Состојби и перспективи (презентација на научен труд)



        Традиционалниот концепт на наставничкиот профил постојано се проширува и менува како  во содржината така и во методологијата и облиците на учење поради постојаната промена  на дадените општествени услови и напредокот на науката и техниката. Наставникот е посредник при пренос на најновите знаења и главен  реализатор на реформските промени во наставата и затоа  денешницата бара од него квалификувано стручно и темелно педагошко образование.
      Компетенциите и вештините  како менлива категорија иако главно  препознатливи и насочени кон збогатување и развојот на личноста која се образува во периодот на своето иницијално образование  имплицира и флексибилност и усовршување на знаењата и вештините според дадените временски периоди и временските услови на живот, развојот на науката и технологијата. 
     Во текот на образованието на наставниците кои предаваат англиски јазик, постои потреба од  проширување на нивните педагошки вештини и компетенции, се’ со цел да се оствари нивната педагошка функција во еден современ свет користејќи го странскиот јазик во наставата како алатка  на брзо доаѓање до нови извори и иновативни техники на учење.
     Во трудот ќе се направи еден компаративен осврт на педагошките компетенции на наставниците од  англиското јазично говорно подрачје и од Македонија преку споредба на образовните програми на високообразовните институции кои продуцираат наставници како и увид во документи усвоени од Европскиот Совет, Европската Комисија и акредитирани институции за образование на наставници по англиски јазик. Овие сознанија ќе се насочат кон професионално унапредување на педагошките компетенции на наставниците по англски јазик  во текот на нивното ницијално образование. 


агенда:
http://eprints.ugd.edu.mk/10496/1/Agenda-Denovi%20na%20pedagogija%202014%20%283%29.pdf

No comments:

Post a Comment