Saturday, July 18, 2015

Објава на труд - Педагошките компетенции на наставниците по англиски јазик, компаративен осврт на состојбите во Mакедонија и Aнглија

Педагошките компетенции на наставниците по англиски јазик,компаративен осврт на состојбите во Mакедонија и Aнглија


 м-р Виолета Панев
ООУ Владо Тасевски,Скопје, Р. Македонија
lingva@mt.net.mk


 Апстракт

Традиционалниот концепт на наставничкиот профил постојано се
проширува и менува како во содржината така и во методологијата и облиците
на учење поради постојаната промена на дадените општествени услови и
напредокот на науката и техниката. Наставникот е посредник при пренос на
најновите знаења и главен реализатор на реформските промени во наставата
и затоа денешницата бара од него квалификувано стручно и темелно
педагошко образование.
Компетенциите и вештините како менлива категорија иако главно
препознатливи и насочени кон збогатување и развојот на личноста која се
образува во периодот на своето иницијално образование имплицира и
флексибилност и усовршување на знаењата и вештините според дадените
временски периоди и временските услови на живот, развојот на науката и
технологијата.
Во текот на образованието на наставниците кои предаваат англиски
јазик, постои потреба од проширување на нивните педагошки вештини и
компетенции, се’ со цел да се оствари нивната педагошка функција во еден
современ свет користејќи го странскиот јазик во наставата како алатка на
брзо доаѓање до нови извори и иновативни техники на учење.
Во трудот се направи еден компаративен осврт на педагошките
компетенции на наставниците од англиското јазично говорно подрачје и од
Македонија преку споредба на образовните програми на високообразовните
институции како и увид во документи усвоени од Европскиот Совет и
Европската Комисија. Сознанијата од истражувањето во 20 тина основни
училишта во Македонија се насочени кон професионално унапредување и
стекнување на темелни педагошки компетенции на наставниците по англиски
јазик и на другите предметни наставници во текот на нивното иницијално
образование .

Клучни зборови:

педагошки компетенции, наставници по англиски
јазик, иницијално образование, основно училиште.

линк :https://drive.google.com/file/d/0B8bObL0Dc75fX3BCU1N4MzI4TzQ/view

No comments:

Post a Comment